Корнет погача: Најмекиот полнет леб достоен за кралска трпеза! (РЕЦЕПТ)

17 октомври, 2020
231485_shutterstock-1733710481_ls

Не се знае дали изгледа подобро, мириса или сепак вкусот е најдобар од сѐ

Состојки:

500гр брашно

300гр сирење

100гр маргарин

150гр кисело млеко

50гр сусам

1 свеж касец

1 лажица шеќер

1 лажичка сол

200мл масло

1 кафена шоља масло

4 јајца

Подготовка:

Загрејте млеко, додадете квасец и мешајте додека не се стопи. Додадете шеќер и промешајте. Во садот со брашното и маслото додадете го омекнатиот квасец. Додадете сол, 2 јајца, промешајте и потоа додадете кисело млеко и мешајте додека состојките не се соединат во тесто. Потоа рачно измесете го тестото. Покријте со кујнска крпа и оставете го тестото да нарасне.

Во сад издробете го сирењето со вилушка. Додадете јајце и промешајте. Од нараснатото тесто на набрашнета работна површина, со сукало расукајте средна кора. Нанесете фил со сирење и јајца на кората.

Исечете ја кората на 8 еднакви делови. Свиткајте го секој дел во форма на конус. Размачкајте маргарин врз округла тава. Исечете ги корнетите на половина и наредете ги во круг во тавата. Исечете ги преостанатите конуси на помали парчиња и со нив пополнете ги празнините во тавата.

Колачот премачкајте го со изматено јајце и посипете го со семе од сусам. На крајот, ставете парчиња маргарин врз погачата. Покријте ја тавата со кујнска крпа и оставете да стои околу 30 минути. Печете 45 минути во рерна загреана на 220 степени. Послужете додека е топло.