КОРПИЧКИ СО СЛАНИНА! Ниту еден гурман нема да може да им одолее , еве како да ги подготвите! (РЕЦЕПТ)

25 септември, 2020
785379_recepti-sendvic-korpice_ls

Состојки:

12 парчиња тост леб

1 чаша кисела павлака

3 јајца

½ лажичка сол

20 прстени праз

1 црвена свежа пиперка

1 жолта/зелена пиперка

12 ленти сланина

1 лажичка оригано

150гр кашкавал

Подготовка:

Исечете го лебот за тост со чаша, што одговара на калапите за проја. Калапите премачкајте ги со масло или маргарин. Во соодветен сад, изматете ги јајцата со киселата павлака, додавајќи сол. Соединете ја смесата и оставете ја настрана.

Исечете ги црвените, зелените/жолтите пиперки на прстени и поделете ги на половина. Исечете го празот во прстени, онолку колку што планирате да ставите внатре во калапот. Исецкајте го кашкавалот на коцки или стапчиња (1-2 коцки во секо калап).

Ставете тост леб во калапите. Ставете ја сланината околу лебот за тост, во круг, а потоа ½ од изматената павлака и смесата со јајца, додадете ги исецканите коцки од кашкавал, и останатата смеса. Ставете ја подготвената пиперка одозгора, за да биде шарена (декоративна). Додадете ги прстените од празот и посипете оригано.

Вклучете ја рерната на 200С и печете околу 10 минути, додека сланината не порумени убаво и се испече смесата во корпите. Во меѓувреме, додека корпите се печат, остатокот од кашкавалот изрендајте го на крупно ренде.

Кога ќе се испечат корпите, извадете ги од рерна и посипете со кашкавал па по желба уште малку оригано и вратете 5 минути да се растопи кашкавалот. Почекајте малку додека се излади, извадете ги од калапот и послужете. Уживајте во прекрасниот вкус.