Кралски пијалок за топлите денови: Еве како да направите сируп од РОЗА! Полн е со витамини!

23 јуни, 20200
sirup

Кралицата на цвеќињата,розата, исто така, има лековити својства затоа што нејзините кадифени ливчиња кријат витамини А, Ц и Е, флавоноиди и други биоактивни соединенија.

Во народната медицина се издвојува и како лек за црниот дроб и цревата, а во козметичката индустрија неговиот корисен ефект врз виталноста на кожата одамна е препознаен.

Во наредните топли месеци, ви предлагаме да се освежите со ладен пијалок од роза, чија подготовка навистина не бара многу време и одлични кулинарски вештини.

Рецепт за сирупот:

1. Пополнете три четвртини од тегла од 5 литри со ливчиња од роза.

2. Додадете 4 кг лимонска киселина, истурете вода скоро до врвот. Покријте со чинија, но не и со капак.

3. Оставете ја теглата десет дена на сонце. Потоа исцедете

4. Додадете шеќер (колку литри течност толку килограми шеќер).

5. Промешајте и оставете да отстои во покриен сад додека не се стопи шеќерот.

6. Истурете го сирупот во шишиња и добро запечатете го.

Забелешка: Користете само домашна роза, т.е. оние за кои сте сигурни дека не се испрскани со пестициди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi