Крцкава закуска: Стапчиња од лиснато тесто со АЈВАР и сирење (РЕЦЕПТ + ВИДЕО)

13 септември, 2020
ревепт наслов

Потребни ви се само пет состојки

Ако сакате пекарски производи, но сакате да пробате своја верзија на пецива, можеби ова е вистинското време за овој рецепт.

Крцкави стапчиња со ајвар и сирење, попрскани со ким, можат да бидат вкусен појадок или ужинка.

Штом ќе го развлечете тестото, сè станува лесно, а за овие феноменални стапчиња ќе ви требаат само пет состојки.

Состојки:

  • 250 гр лиснато тесто
  • 5 лажици ајвар
  • 60-80 гр рендано полу-тврдо сирење
  • 1 јајце
  • ким

Подготовка:

Прво, загрејте ја рерната на 200 степени, и обложете го плехот со хартија за печење. На масата ставете друга хартија за печење, на која со помош на сукало ќе го расукате лиснатото тесто во форма на квадрат. Тестото премачкајте го со тенок слој ајвар, од работ до работ, а потоа ставете рендано сирење на долната половина. Покријте ја долната половина со горната половина и притиснете со рацете да се вклопат добро.

Потоа исечете го тестото во прави ленти со дебелина од околу 1,5 см и превртете ја секоја лента, вртејќи ги краевите. Ставете ги на плех за печење, изматете едно јајце, па премачкајте ги стапчињата и посипете ги со ким. Печете ги стапчињата околу 20 минути во рерна.

Погледнете го видеото

Пријатно!

escort - Korsan taksi