Крцкави колачи со путер од кикирики прелиени со темно чоколадо (РЕЦЕПТ)

23 октомври, 2020
tartlet38153240-l

Малите пити со вкусен фил не смеете да ги пропуштите. Научете како да ги подготвите добро со фил од путер од кикирики и цврст прелив од јогурт и чоколадо

Состојки за подлога:

200гр брашно

2 лажици шеќер

125гр маргарин

1 лажица вода

Состојки за фил:

150гр кикирики путер

2,3дл цврст јогурт

4 лажици кафеав шеќер

Прстофат сол

2 лажици екстракт од ванила

Состојки за глазура:

150гр темно чоколадо

2 лажици мед

2 лажици масло

Подготовка:

Ставете го брашното и шеќерот во сад, додадете ладен путер исечен на помали парчиња и направете ронлива смеса со рацете. Додадете вода и месете додека не добиете мазно тесто. Завиткајте и ставете го во фрижидер 30 минути. Премачкајте ги мини калапите за тарт со путер и посипете ги со брашно, покријте ги со расукано тесто и прободете со вилушка на неколку места.

Обложете го тестото во калапот со хартија за печење и наполнете го со топчиња за печење или сув грав. Печете околу 15 минути, во загреана рерна на 190 ° С. Отстранете ја хартијата и топчињата. Оставете да се излади и подгответе го филот. Измешајте путер од кикирики, јогурт, шеќер, малку сол и ванила.

Ставете две лажици на страна, а остатокот истурете ги врз испечените корпи и оставете во фрижидер еден час. Растопете го чоколадото на пареа со мед и масло. По 10 минути извадете ја питата од фрижидерот и прелијте ја со чоколадната глазура, па вратете ја во фрижидер додека не се излади чоколадото.

escort - Korsan taksi