Култен рецепт од 80тите години за лудо тесто кое стално расте во фрижидер

6 април, 20200
testo

Лудото тесто не мора да се чека да се крене, па кога станува збор за брза вечера, доволно е само да посегнете до фрижидерот и да и се препуштите на инспирацијата.

Лудото тесто е спомен на многумина од осумдесеттите и деведесетите, кога соседите си разменуваа рецепти за ова „чудо“ кое може да остане во фрижидер и недела дена, а некои велат и подолго. Иако никој не може со сигурност да каже како го добило своето име, логиката вели дека „расте како лудо“. Се чува во кеса и може да порасне толку многу што ќе ја искине кесата – ако се случи тоа, поделете го тестото и ставете го во нова кеса.

Лудото тесто не мора да се чека додека се крене – само отворете ја вратата од фрижидерот и земете го тестото за пицаили крофни, како ќе каже вашата инспирацијата и почнете со месење, полнење и печење. Некои готвачи советуваат откако тестото ќе се извади од фрижидерот да остане на собна температура десет минути. Подмачкајте ги рацете затоа што тестото е лепливо. Додека го меситете тестото, посипете ја работната површина со брашно.

Некои ова тесто го користат за кроасани и го наполнуваат со шунка и сирење или со чоколадо, додека на други им е омилена инспирација за ролни од тесто или крекери. Ако планирате да направите слатки колачи од тестото, заменете ја солта со шеќер.

Состојки за лудото тесто:

500 грама мазно брашно

500 грама свежо брашно

4 дл млеко

1 коцка квасец

1 јогурт

2 јајца

1 дл масло

1 прашок за пециво

2-3 лажички сол

Подготовка:

1. Додадете го квасецот во млекото и оставете го да реагира.

2. На работната површина истурете брашно измешано со прашок за пециво, а потоа додајте ги останатите состојки во средина и месете го тестото. Додадете повеќе брашно или млеко по потреба така што тестото да остане меко (зависи од брашното, бидејќи секое апсорбира поинаку).

3. Подмачкајте ја внатрешноста на чиста кеса, а потоа ставете го тестото во неа, истиснете го вишокот воздух, врзете ја кесата и ставете ја во фрижидер. Чувајте го до седум дена и извадете онолку колку ви е потребно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi