Ладен колач со шумско овошје: Десерт кој се топи во уста! (РЕЦЕПТ)

10 ноември, 2020
233823_malina_ls


Потребни состојки:

5 јајца

120 гр шеќер

ванилин шеќер

250мл слатка павлака

250 гр замрзнати шумски плодови

4 лажици шеќер

100гр мелени бисквити

250 гр сирење рикота

50гр шеќер во прав

500 гр сладолед од ванила

Начин на подготовка: Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги жолчките со миксер со 60 гр шеќер, варете на пареа додека не се раствори шеќерот. Изматете ги белките со миксер со 60гр шеќер и ванилин шеќер додека не се згусне.

Оставете ги двата фила да се изладат. Одделно изматете ја слатката павлака, и сирењето рикота со шеќер во прав и додадете го во павлаката. Комбинирајте ги сите три филови и поделете ги на два дела.

Дивите бобинки сварете ги кратко со 4 лажици шеќер, за да добиете густ сируп. Изладете и додадете на едниот дел од филот. Во вториот дел додадете мелени бисквити. Оставете го сладоледот некое време на собна температура, малку да се стопи.

Покријте го плехот со алуминиумска фолија, па во него ставете го филот со бисквити, над него фил со диви бобинки и на крај сладоледот од ванила. Завиткајте во фолија и ставете го во замрзнувач да се олади.

escort - Korsan taksi