Љубители на пиво, подгответе се: Ова се новите коктели од вашиот омилен пијалок!

7 јуни, 20200
istock-1060456922

Љубителите на овој пијалок, веројатно ќе речат дека пивото си е пиво и не му потребен никаков додаток, освен можеби лимон. Но, иако на многумина ќе им звучи како глупост, коктелите со пиво се моментално хит во светот.

Лимонада со пиво – Загрејте ¾ филџан вода со ½ филџан шеќер и мешајте на тивок оган додека шеќерот не се растопи. Откако ќе се олади, додадете ¾ филџан свеж лимонов сок.

Пивото ставете го во чаши, и во секоја од чашите додадете ¼ од претходно подготвената смеса.

Црвено око – Состојки: 30ml вотка, 180ml разладен сок од домати и 350ml светло пиво. Вотката истурете ја во кригла и додадете го сокот од домати. Потоа, полека сипувајте го пивото во поголема кригла и оставете го шишето, свртено наопаку, да тече во смесата. Ставете едно јајце во пијалокот и испијте го без промешување.

“Spicy Lady” – За овој коктел потребно е: Пола лажичка шеќер, две лажички чили во прав, половина лимон исечен на резенки, 15ml сок од лимон, едно шише пиво.

Во шејкер ставете ги чилито во прав, резенката лимон, шеќерот и сокот од лимон. Потоа, сипете ја мешавината во чаша, ставете мраз, додадете го пивото и промешајте.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *