Македонците во 2020-та најмногу го пребарувале рецептот за ЛЕБ: Повеќе не мора да „гуглате“ , ова е најдобриот леб со маслиново масло!

12 декември, 2020
o_15509024_1024

Денес ви донесуваме многу едноставен, и толку вкусен и миризлив леб на вистински медитерански начин. За домашен леб со маслиново масло ќе ви требаат:

– 500 гр брашно

– 1 ќесичка сув квасец

– 300 мл млака вода

– 10 гр сол

– 2 лажици маслиново масло

Во сувото брашно додадете квасец, млака вода и две лажици маслиново масло (може да додадете и сецкан лук по желба) и измесете меко тесто. Ставете го во сад намастен со маслиново масло и покријте го со кујнска крпа и оставете го да стаса еден час.

Пред печење, исечете ја површината на тестото малку со ножици и ставете ја да се пече во загреана рерна на 180-200 степени. Откако ќе добие кафеаво-златна боја, можете да ја извадите од рерна. Топлиот леб завиткајте го во кујнска крпа и оставете го да се излади.

escort - Korsan taksi