Маринада која ќе го претвори секое месо во најсочна магија: Неодоливо меко и полно со вкус!
4 мај, 20200
Оваа фантастична маринада ќе го направи вашето месо двојно повеќе сочно, зачинето и да се топи во устата. Можете да маринирате бело месо, стек, свинско филе, па дури и мисирка – и ќе добиете месо што ќе го обожава целото семејство.
Потребни состојки за маринирање:
- Маслиново масло
- Морска сол
- Соја сос
- Лажичка сенф
- Лажичка мед
- Ловоров лист
Подготовка:
Ставете го месото во сад за храна, така што шницлите ќе бидат една до друга, ставете маслиново масло, додајте сол, сенф, мед, ловоров лист и сос од соја (одредете ја количината на зачини по ваш личен избор). Потоа (најдобро со вашите раце) измешајте сè добро, така што месото ќе и апсорбира сите состојки рамномерно. Оставете го ова маринирано месо во фрижидер преку ноќ да ги впие сите зачини.
Уживајте!