Медени коцки: Омилен десерт готов за половина час!

29 јули, 2020
128999_shutterstock-474455860_ls

Уживајте во совршенството на овој едноставен рецепт

Состојки:

·      200 грама брашно

·      350 милилитри млеко

·      2 лажици зејтин

·      100 грама шеќер

·      лажичка сода бикарбона

·      300 грама темна чоколада

Подготовка:

·      Загрејте ја рерната на 180 степени, а сите состојки ставете ги во поголем сад и изматете.

·      Садот за печење премачкајте го со путер и истурете половина тесто

·      Печете 10 минути

·      Извадете го од рерната и премачкајте го со омилениот џем, а потоа прелијте го со остатокот од смесата и печете уште 20 минути

·      Кога ќе се оладат медените коцки, прелијте ги со растопена темна чоколада.