Мини крофничките на Дизни- совршена идеја за овој викенд!

25 април, 20200
dizni

И во време на пандемија Дизни не ве остава без малку магија. По интересните чоколадни компирчиња, сега се на ред мини крофничките во форма на Мики Маус.

Состојки

1/2 лажичка сув квасец
1/4 шолја топла вода
1/4 шолја шеќер
2 лажички маргарин
1/2 лажички сол
1/2 шолја хопла (слатка павлака)
1 јајце
4 шолји сенаменско брашно
1/2 шолја зовриена вода
Растително масло за пржење
Шеќер во прав

Подготовка

1. Растопете го квасецот во мал сад со млака вода. Оставете го да отстои 5 минути.

2. Измешајте ги шеќерот, маргаринот, солта, хоплата, јајцето, брашното и зовриената вода во еден голем сад. Ставете ја и мешавината со квасец. Со миксер на средна брзина миксирајте додека смесата не се изедначи, а потоа оставете ја да стои 30 минути.

3. Направете мали тестенца со дебелина од половина сантиметар во форма на Мики Маус (со модлички), или пресечете ги тестата во квадратни форми со големина од 7 сантиметри. Покријте ги со крпа и оставете ги да стојат во топла средина околу 1 час, додека тестото не нарасне двојно.

4. Загрејте го маслото за пржење во длабок сад за пржење. Пржете ги крофничките додека не добијат златно-кафена боја, околу 2 до 3 минути, а откако ќе потемнат завртете ги да се испржат и од другата страна. Отстранете ги и поставете ги на хартија да се исцедат од маснотијата.

5. Наросете ги топлите крофнички со шеќер во прав и послужете ги веднаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *