Мионичка гибаница- Највкусната пита што некогаш сте ја пробале! (Рецепт)

24 април, 2020
217135_shutterstock-1049620688_ls

Домашни кори, маст, кајмак и сирење – нема повкусна комбинација.

Состојки: 1 кг брашно, сол, малку вода, маст, 400 гр сирење, 400 гр кајмак, 8 јајца, млеко.

Начин на подготовка: Замесете го брашното со сол и вода и додадете малку маст.
Од смесата издвојте 24 делови и расукајте ги, потоа добро испечете ги.

Подгответе фил од сирење, кајмак и жолчки од јајца. Направете смеса од матени белки од јајца и измешајте го со претходната смеса. Додадете малку маст и млеко.
Тавата премачкајте ја со маст, а потоа ставете ги претходно испечените кори. Ставете го филот, па потоа може да започнете со печење во рерната на 180 степени. Сами ќе процените кога ќе биде испечена.

Уверете се дека ова ќе биде највкусното нешто што некогаш сте го подготвиле.