Најубавите солени топчиња: направете бомбици од сирење и маслинки

16 мај, 2020
маслинки

Совршено мезе – еве како да направите бомбици од сирење и маслинки!

Состојки:

  • 160 гр ситно рендано тврдо сирење
  • 160 гр меко брашно
  • 113 гр путер
  • 36-40 парчиња полнети зелени маслинки, добро исцедени

Подготовка:

Измешајте ситно рендано сирење, брашно и стопен путер, замесете цврсто, но растегливо тесто.

Исечете го тестото на еднакви парчиња, израмнете ги на мали кругови во кои се вметнуваат исцедените маслинки и потоа формирајте еднакви топки.

Наредете ги на хартија за печење. Од оваа количина се добиваат 36-38 топки.

Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени и печете ги топчињата околу 15-20 минути.