Највкусната салата со тестенини во светот: Комбинацијата со чери домати, авокадо и дресинг (РЕЦЕПТ)

30 мај, 2020
219843_pasta-salata-profi_ls




Оваа освежувачка и здрава летна салата ќе ве воодушеви – се прави супер лесно и брзо, а комбинацијата на вкусови е чист хедонизам.


Потребни состојки за салата:  

· Слатка пченка – една чаша

· Тестенини – фусили или „школки“ (по избор)

· Чери домат 350 грама

· Црвен кромид – една средна глава

· Едно авокадо

· Маслиново масло  

Потребни состојки за дресинг:  

· Свеж магдонос – 60 грама

· Маслиново масло – 50 до 60 ml

· Свеж сок од лимон – три лажици

· Чешне лук

· Две лажички мед

· Морска сол по вкус

· Чили во прав (по желба, ако сакате луто)

· Бибер по вкус

Подготовка:
Пригответе ги тестенините. Истурете ги во голем сад и додадете пченка, исецкани чери домати, црвен кромид исечен на парчиња, сецкано авокадо и маслиново масло и измешајте сè добро.

Во блендер ставете магдонос, маслиново масло, сок од лимон, лук, мед, морска сол, чили во прав и бибер и добро измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса.

Потоа истурете ја смесата над тестенините и добро промешајте.


Пријатен ручек!