Напиток кој освежува: Направете лимонада со ЈАГОДИ, овој микс ќе им се допадне на сите!

6 мај, 2020
limonada od jagodi

Секој сака „класична“ лимонада, но онаа јагоди додава целосно уживање.

Еве што ви е потребно.

Состојки:

  • 1 филџан шеќер
  • 1 филџан вода
  • 400 гр исечени јагоди
  • 5 лимони
  • 1, 5 л вода

Подготовка:

1. Во сад загрејте шеќер и вода (филџан). Мешајте додека шеќерот не се стопи и тргнете од шпоретот.

2. Исечете ги јагодите со миксер или во блендер. Пирето од јагоди прелијте го со сирупот од шеќер. Додадете го сокот од лимон и добро измешајте.

3. Во бокал додајте ладна вода и мешавината од јагоди и лимон.

4. Ставете го сокот во фрижидер еден час и можете да додадете коцки мраз или парчиња лимон кога служите.