Направете домашен мајонез: Потребни ви се само три состојки

6 април, 20200
домашен мајонез

Купувањето намирници во овој период не е лесна задача затоа што ви треба заштитна маска, раквици, чекате во ред … Потребно е многу време за да го направите ова, за само една, задача за домаќинството, па зошто да не пробате некои намирници да ги направите дома? Особено сега кога имате повеќе време од вообичаеното. Metro.co.uk претставува едноставен рецепт за вашиот омилен намаз – мајонез. Потребни ви се само неколку состојки и е поздрава опција од онаа што ја купувате. Овие состојки се наменети за една тегла мајонез, но доколку сакате повеќе само дуплирајте ја количината на состојките.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 220мл масло
  • 1 лажичка сок од лимон или оцет
  • 1/4 лажица сол

 Доколку сакате можете да додадете лук, сенф или црвен пипер за додаден вкус.

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во сад, вклучете го миксерот на најголема брзина и измешајте. Само за 10 секунди ќе почне да изгледа како мајонез, но мешајте се додека маслото да стане бело и кремаво и целата смеса да биде густа. Готов е кога ќе го свртите садот наопаку и ништо нема да се истури. Теглата чувајте ја во фрижидер и консумирајте во рок од една недела. Со оглед на тоа дека рокот не трае долго, се препорачува да не правите големи количини одеднаш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi