Направете си домашно Starbucks фрапучино, едноставно и вкусно!

12 мај, 2020
frapu;ino

Се што треба да направите е да измешате коцки мраз, еспресо, чоколаден сируп и шеќер во гранули и кафето е готово за неколку минути.

Состојки:

– Коцки мраз

– Две мерици еспресо (18 грама)

– Мала шолја млеко за кремот

– 1 лажица чоколаден сируп

– 2 лажици шеќер во гранули

– Шлаг

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер, освен шлагот. Изблендирајте ги состојките. Потоа ставете го пијалокот во чаша. На крај ставете шлаг и чоколаден сируп.