Натали Портман не само што е одлична актерка, туку и одлична готвачка! Шпагети од тиква со сос од домати (РЕЦЕПТ+ВИДЕО)

22 октомври, 2020
Premiere Of Neon's "Vox Lux" - Arrivals

Натали Портман е среќна што споделува необични рецепти со своите следбеници на Инстаграм. Обично прави хранливи оброци што ги сака нејзиното семејство, а голем број се и вегански јадења. При изборот што да се направи, треба да се следат три работи – храната треба да биде здрава, вкусна и лесна за подготовка. Како поборник за здрав живот, Натали често подготвува јадења од тиква.

Актерката истакнува дека еден од најлесните начини да ги убеди нејзините деца да јадат зеленчук е да подготви вкусни шпагети од тиква, лук и домати.

Состојки:

1 тиква (средна големина)

Маслиново масло

2 чешниња лук

Сол

2 домати исецкани на коцки

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 ° С. Исечете ја тиквата на половина и ставете ја во подлабока тава. Додадете вода (нивото на водата треба да биде 1 см).

Печете ја тиквата во рерна додека не омекне (околу 45 минути, во зависност од видот). Кога лесно ќе се раздвои со вилушката, извадете да се излади.

Извадете го семето и излупете го месото од тиквата со вилушка, така што ќе добиете форма што личи на шпагети.

Сос:

Во маслиново масло издинстајте ситно сецкан лук, сол и домат. Кога зеленчукот ќе омекне, намалете ја температурата, а потоа додадете ги шпагетите од тиква и нежно измешајте, така што сите состојки ќе се соединат. Послужете додека е топло.

escort - Korsan taksi