Не е ни чудо што Грците се луди по ова слатко задоволство: Научете како да го направите славниот ГАЛАКТОБУРЕКО! (РЕЦЕПТ)

12 декември, 2020
galaktoboureko-slatki-burek-830x0

Засладете се со најсочно задоволство oд Грција

Овој рецепт ни доаѓа од Грција, а како што Грците се познати по своите кулинарски вештини, не се сомневајте дека овој сладок бурек, попознат како галактобуреко, ќе ве освои со својот вкус при првиот залак.

Состојки:

5 јајца

1 шоља шеќер

1 шоља гриз

2 ќесички ванилин шеќер

1,5л млеко

450гр готови кори

150гр маргарин

Сируп:

1 шоља вода

1 шоља шеќер

Цимер по желба

Подготовка:

Варете ги млекото, гризот, шеќерот и ванилин шеќерот на тивок оган, постојано мешајќи. Кога смесата ќе се загрее половина, тргнете ја од оган и додадете ги изматените јајца, па вратете се на ринглата и мешајте додека смесата не се згусне.

Растопете го путерот или маргаринот и премачкајте со него тркалезен плех, со дијаметар околу 30 сантиметри, а потоа наредете ги корите една врз друга, премачкајте ја секоја со маргарин и прелијте ги со мешавина од јајца, гриз и млеко.

Засечениот бурек ставете го да се пече на 180 степени околу половина час. Во меѓувреме, соединете ги водата и шеќерот за да се стопи шеќерот и додадете цимет. Кога бурекот ќе се испече, извадете го од рерна и прелијте го со сирупот.

Пријатно!

escort - Korsan taksi