Немате инспирација за ручек?! Самата помисла на овие вкусни канелони ве прави гладни во истиот момент! (РЕЦЕПТ)

17 ноември, 2020
1348775

Навистина не е лесно да се смислат здрави и вкусни јадења секој ден, а притоа да се задоволат непцата на сите членови на домаќинството. На некои им недостасува повеќе месо, други се љубители на тестенини, а вие веројатно само фантазирате за брз ручек околу кој нема премногу што да се направи. Имаме идеален предлог за ручек кој ќе им се допадне на сите, а тоа се печени канелони со пилешко и праз кои се толку едноставни и вкусни што сигурно ќе го повторите овој рецепт.

Состојки (за2 лица) :

8 листови лазањи

400гр пилешки гради

1дл бело вино

1 праз

½ лажичка ким

30-40гр сирење

Маслиново масло

1 лажичка сув зачин

Сол

Бибер

За бешамел:

1л млеко

100гр маргарин

100гр брашно

Сол

Подготовка:

1. Исечете го празот на тенки парчиња и ставете го во загреаното масло во садот. Динстајте 5 минути.

2. Исечете ги пилешките гради на парчиња и додадете ги во тавата со празот. Зачинете со ким, сол, бибер и суво зачин, прелијте со вино, покријте и варете 10 минути.

3. Со миксер иситнете го празот и пилешкото за да добиете густа паста.

4. Потоа подгответе го бешамелот со топење на путерот во тенџере, додавање на брашно и мешање неколку секунди додека брашното не се раствори целосно, а потоа истурете го млекото, солта и варете мешајќи додека не се згусне.

5. Во друго тенџере зовријте солена вода. Кога ќе зоврие, додадете ги лисјата од лазањи. Не додавајте ги сите одеднаш за да не се залепат едни за други. По една минута варење, извадете ги лисјата на чиста кујнска крпа.

6. Додадете 2 лажици бешамел на пастата и измешајте да се поврзе.

7. На крајот од секој лист, додадете две лажици од смесата и завиткајте во мали ролни.

8. Садот за печење премачкајте го со малку бешамел и наредете ги канелоните. Прелијте со остатокот од бешамел и одозгора изрендајте сирење.

9. Печете 25 минути во рерна загреана на 180 степени.

На здравје!