Неодоливи овошни коцки мраз: Направете нешто ново и освежувачко ова лето

6 јуни, 20200
imageedit_160_6469221071

Мала, но забавна идеа како да ги зачините вашите летни пијалоци!

За разладување на пијалоците не морате да користите само обични коцки мраз.

Изладете го овошниот сок и со парчиња замрзнато овошје за вашиот пијалок да биде и примамлив на изглед.

Освен тоа, можете за појак ефект да ставите и неколку цветови во коцките мраз, кои кога ќе се замрзнат ќе се добие ефект на „заробено“ цвеќе во мразот. Чашата со ваков мраз ќе изгледа неодоливо.

Овошните коцки се прават многу едноставно. Изберете го овошјето или цвеќето кое го сакате, наредете го во калапите за мраз, додадете вода и замрзнете.

Супер идеја, изгледа совршено, а ќе ги направи и вашите забави поинтересни, оставајќи ги гостите без здив.

Уште еден совет, за прозирна боја на мразот, можете прво да ја зовриете водата и потоа да ја оставите да се излади на собна температура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi