Новогодишен десерт готов за 10 минути: Рецепт за вкусни ролни од чоколадо!

8 декември, 2020
169496_fgjfhfg_f

Рецепт за крцкави ролни со вкусен фил од чоколадо, бисквити и ореви. Можат да стојат долго и се супер цврсти, така што нема многу да омекнат, дури и на собна температура.

Состојки и подготовка:
2 кори обланкда
100 гр. шеќер
150 гр. чоколадо
150 гр. путер или маргарин
1 лажица рум (но, и не мора)
100 мл. млеко
3 лажици мелени ореви
2 лажици мелени бисквити наполнети до врвот

Дополнително за декорација:
50 гр. чоколадо
1 лажица масло
Навлажнете чиста крпа и завиткајте ги корите обланда. Оставете ги така околу половина час за да омекнат.

Дури кога обландите ќе омекнат, започнете да го подготвувате филот.

Сите состојки, освен бисквитите и оревите, ставете ги во тенџере на оган и мешајте додека да се растопат. Измешајте ги и бисквитите и оревите и филувајте ги корите. Исечете ја секоја обланда по должина на три еднакви делови, завиткајте ја и оставете ја да отстои еден час во фрижидер. Исечете, украсете и уживајте во одличниот вкус.

*Повкусни се доколку ги јадете следниот ден.

escort - Korsan taksi