Nutella торта: Рецепт за слатка фантазија од само 2 состојки

12 април, 20200
nutella

При мешање важно е волуменот на јајцето да се зголеми тројно. Во спротивно, вашата торта нема да ви успее …

Дали знаевте дека можете да направите вкусна торта со само две состојки? Ние ви претставуваме рецепт за торта од Nutella  и јајца што бара малку труд и напор, но гарантира богат вкус.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 250гр Nutella

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 175 Целзиусови степени.

2. Ставете ги јајцата во сад и мешајте ги со миксер околу 5 до 10 минути. Важно е обемот на јајцето да се зголеми тројно. Во спротивно, тортата нема да ви успее.

3. Растопете ја Нутелата во микробранова печка. За да се постигне оваа цел, доволно е овој вусен намаз да го оставите во микробранова печка околу 20 секунди.

4. Во растопената Nutella полека додадете ги јајцата и нежно измешајте ги во кремот. Тортата нема да успее ако ги мешате состојките премногу грубо и брзо.

5. Префрлете ја смесата во претходно подмачкан сад за печење и печете околу 25 минути. Изладете добро пред да послужите. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi