Одличен предлог за вечера: Подгответе омлет мафини готови за само 10 минути!

17 јуни, 2020
садсдасд

За 12 мафини портебно ви е:

– 6 јајца

– 6 лажици млеко

– 6 супени лажици рендано сирење

– Сол

– Бибер

Подготовка:

Пред да започнете со подготовка на овој вкусен оброк, треба да ја вклучите рерната за да ја загреете добро. Потоа, во посебен сад, одделете ги жолчките од белките и додадете ги сирењето и млекото на изматените жолчки од јајца. Одделно, изматете ги белките добро, за да добиете „цврст снег“. За да можат мафините да бидат воздушни и меки, важно е постепено да додавате белки во жолчките. Додадете зачини по вкус и истурете во калапите. Вашата рерна е веќе загреана на 220 степени. Ставете го садот да се пече. Печете околу 10 минути, ќе видите дека е готово кога ќе добие убава жолта боја. Ова е основа за правење на овој вкусен оброк, а одозгора можете да додадете шунка, пиперка, парчиња домат по вкус, сè е дозволено.