Омилениот рецепт на Кристијан Диор – чоколадна торта Помпадур (рецепт)

18 мај, 20200
7a778a582684a587f53b20adb0f6c410

Неговите крации ги носеле големи имиња од Холивуд и со тоа влезе во модната историја,, а денес неговите наследници продолжуваат со истата традиција. Сепак имал и друга, малку позната, пасија која го одбележала неговиот живот, а тоа е гастронимијата. Тоа и не треба да не чуди бидејќи се работи за човек кој цел живот трагал по култот на убавината и совршенството, а повеќе детали за неговиот стил на живот може да се прочитаат во книгата La Cousine Cousu-Main, книга направена во соработка со славен француски кувар и модната куќа Диор.

Книгата за сега е во дигитална верзија, а во неа се објавени омилените јадења и рецепти кои модниот креатор ги сакал најмногу. Куварот е поделен на 7 сегменти: супи, јадења и пред јадења од јајца, риба, јадења од живина, јадежа од овошје, салати и десерти и се на се има 25 рецепти. Една од најомилените слатки му била тортата со име Помпадур,чиј рецепт ви го нудиме подолу:

Состојки:

  • 250 г чоколадо
  • 250 г путер
  • 200 г шеќер
  • 4 јајца
  • 1 супена лаица брашно
  • уште 30 г путер

Подготовка:

Стопете го чоколодато со малку вода а потоа и путерот и заедно ставете ги на топла рингла. Помешајте го стопеното чоколадо со шеќерот, јајцата и брашното. Сипете ја добиената цмеса во калап подмачкан со путер и печете на 180 степени 40 до 45 минути. Кога ќе ја извадите тортата од рерна, оставете ја да се излади и дури потоа извадете ја од калапот. Може да ја јадете наредниот ден со комбинација со англиски крем, а еве рецепт и за него:

Состојки:

  • 6 жолчки
  • 1/2 л млеко
  • 150 г шеќер
  • малку сол
  • 1 стапце ванила

Подготовка:

Измешајте ги жолчките, шеќерот и солата, а во сад сварете го млекото и дадодете му го стапцето ванила. Полека пресипете го млекото во смесата од жолчките и непрестајно мешајте. Потоа во тава на благ оган ставете го кремот но внимавајте да не ви преврие, бидејќи треба само да се згусне. Потоа пресипете го кремот во друг сад во кој има коцки мраз и внимателно матете додека не стане пенаст. На крајот оставете го кремот во фризидер преку ноќта и наредниот ден послучете го со чоколадната торта.

Уживањето е загарантирано !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *