ОРЕВ КОЦКИ СО ПУДИНГ ОД ВАНИЛА! Неодоливо кремасто задоволство! (РЕЦЕПТ)

Кремаста торта со ореви, која освојува на првиот залак. Оревите крцкаат во устата, а кремот се лепи за непцето
Состојки:
За кора:
5 белки
Прстофат сол
10 лажици шеќер
150гр ситно сецкани ореви
2 лажици брашно
За фил:
750мл млеко
10гр ванилин шеќер
10 лажици шеќер
100гр маргарин
5 жолчки
80гр пудинг од ванила
2 лажици густин
3 рендани чоколади (по желба може да поросите и со ореви или растопено чоколадо)
Подготовка:
Исечете ги оревите во сецко. Изматете ги белките со малку сол, постепено додавајте 9-10 лажици шеќер. Исклучете го миксерот и додадете ореви и 3 лажици брашно во смесата. Промешајте.
Истурете ја смесата во калап обложен со хартија за печење и израмнете добро за да биде секаде исто. Печете на 180 степени околу 10 минути.
За тоа време, додадете ванилин шеќер и 7-10 лажици шеќер на половина литар млеко, промешајте и оставете го да се загрее.
Измешајте и изматете со жица 5 жолчки со пудинг, густин и 250 мл млеко. Смесата додадете ја на зовриеното млеко и мешајте со жица за матење додека не се направи пудинг. Потоа додадете путер во пудингот и изматете со миксер.
Овој добиен фил го ставаме врз кората која се сипекла во меѓувреме. Посипете со рендано чоколадо. Оставете да се излади, па исечете и послужете.