Оригинален рецепт за пица Маргарита: Тајната на подготовката ја открива шампионот на италијанската кујна!

30 ноември, 2020
maragrita-pica-830x0

Следете ги упатствата и ќе добиете совршен вкус на омиленото јадење на сите Италијанци


Ако сте љубител на пица, а најмногу ја сакате Маргаритата, ова е можност да ја направите според оригиналниот рецепт откриен од познатиот италијански мајстор Франческо Маци.

Тестото треба да се направи неколку часа однапред.

Состојки:


За тестото:

-450 гр брашно за пица
-250мл вода
-12гр сол
-6гр сув квасец

За сос од домати:

-250 гр пире од домати
-10гр босилек
-1 гр оригано
-2 чешниња лук
-2 прстофат сол

За полнење:

-250 гр моцарела
-2 лажички маслиново масло

Подготовка:
Во садот со пасиран домат зачинете го со мелен лук, а потоа додадете ги другите состојки за сосот. Оставете сосот да се маринира на собна температура.

Измешајте квасец и млака вода и оставете да се активираат неколку минути. Додадете брашно и започнете да мешате со лажица или рачно. Кога тестото ќе се собере, додадете сол и месете го со рака додека не стане целосно мазно. Ова може да трае 20 минути.

Префрлете го во сад, покријте го со фолија за храна и оставете го додека не се зголеми двојно волуменот. Ова може да трае околу три часа. Поделете го тестото на две одделни топчиња и оставете го уште три часа.

Загрејте ја рерната на 250 ° C (482 ° F).

Исечете ја моцарелата на коцки или раздвојте ја рачно. Тестото развлечете го во две тави за пица што претходно сте ги подмачкале со масло. Потоа премачкајте го тестото со сос и посипете со сирење. Плеховите ставете ги на дното од рерната неколку минути, а потоа преместете ги на врвот. Украсете со неколку свежи листови од босилек.

Вкупното време на печење е 10-15 минути, во зависност од вашата рерна. На крај посипете ја пицата со неколку капки маслиново масло, како што тоа го прават најголемите италијански мајстори.

Пријатно!