Откријте ја тајната на омилениот пијалок на Џејмс Бонд

28 јули, 20200
pijalok

„Протресен, не промешан“, е едно од легендарните изреки на Џејмс Бонд. Од Шон Конери, Роџер Мур, Пирс Броснан се до Даниел Крег, вотка мартини е омилен пијалок за 007 агентите.

Домашната изолација е совршено време да се нурнете во колекцијата на филмови на Џејмс Бонд и да ги изгледате сите по ред.

Но, пред да започнете да гледате, време е да ја дознаете тајната на коктелот во кој ужива Џејмс Бонд, „Водка мартини – протресена, не промешана!“

Прашањето што се поставува долго време е, зошто „протресен“ коктел е подобар од „промшаниот“?

Одговорот е всушност многу едноставен, имено, кога овој коктел се тресе во него сè уште има мали парчиња мраз и е поладен, додека размешаниот нема мраз и е целосно „чист“.

Рецептот со водка мартини е дизајниран од самиот Иан Флеминг, автор на серијата, а се појавува во 1953 година во книгата “Casino Royale”.

И рецептот е како што следува:

  • 3 дози Гордон,
  • 1 доза вотка
  • половина мерка “Kina Lilleta”

Протресете го многу добро додека не биде ладно како мразот, а потоа додадете голема тенка лента од кора од лимон.

Како да дојдете до состојки?

„Gordon’s London Dry Gin“ е многу лесен, достапен е и во редовните супермаркети. “Kina Lillet”, или само  Lillet, како што се нарекува денес, не е лесно да се најде, но може да биде достапна во специјализирани продавници за алкохол. Бонд не потенцирал која марка вотка да се става, одлуката зависи од вас, а наша препорака е да не ја зграпчувате најевтината од полицата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *