ОВА Е ТОРТАТА НАД СИТЕ ТОРТИ! Кога баба ќе ја извади и ќе ја стави на масата, започнува борба до последниот залак! (РЕЦЕПТ)

26 декември, 2020
Screenshot_1

Афион (мак), кокос, бадеми, цреши, лимон, слатка павлака, мек и миризлив бисквит се само дел од една убава и примамлива торта, чиј вкус ќе ве воодушеви!

На почетокот ќе изгледа малку покомплицирано да се подготви, но важно е само да ги следите чекорите и ќе го направите без никакви проблеми! Дефинитивно вреди секоја потрошена секунда. Откако ќе го пробате, па ќе стане неопходен дел од секоја прослава и празнична трпеза.

СОСТОЈКИ:

За кора:

8 белки

70гр шеќер

150гр мелен афион (мак)

50гр кокос

50гр мелени бадеми

1 лажица (15гр) густин

2 лажички прашок за пециво

Потребно е и 150мл жешко млеко за прелевање на кората

За фил:

8 жолчки

100гр шеќер

2 ќесички ванилин шеќер

1 л млеко

100гр густин

1 лажица лимонов сок

Кора од 1 лимон

250гр путер

50гр шеќер во прав

За овошен слој:

450гр замрзнати вишни

60гр шеќер

2 ќесички ванилин шеќер

20гр густин

4 лажици вода

2 лажици лимонов сок

1 лажичка (5гр) мелен желатин (или 2 листа)

За глазура од бело чоколадо:

100гр бело чоколадо

200гр слатка павлака

1 лажичка (5гр) мелен желатин

25мл вода

25мл лимонов сок

ПОДГОТОВКА:

Подгответе го бисквитот матејќи ги белките со миксер во цврст снег. Додадете шеќер и матете додека шеќерот не се стопи. Со лажица, додадете и промешајте мешавина од афион, кокос, бадеми, густин и прашок за пециво. Обложете голем плех за печење од 40 × 30 см со хартија за печење, истурете ја смесата и израмнете. Печете 20 минути во рерна загреана на 180 степени. Изладете го испечениот бисквит и прелијте го со топло млеко. Кога ќе се олади, пресечете го по должина на два дела од подолгата страна.

Подгответе го кремот така што ќе ги изматите жолчките со шеќерот и ванилиниот шеќер во тенџере за готвење. Измешајте ја ренданата кора од лимон и гутинот и разредете ја смесата со малку ладно млеко.

Остатокот од млекото оставете го да зоврие, а потоа додадете во изматените жолчки со постојано мешање. Ставете го кремот на тивок оган и варете мешајќи додека не се згусне. Покријте го кремот со фолија за храна и оставете го да се излади.

Изматете ги путерот на собна температура и шеќерот во прав додека не се запени, додадете го сокот од лимон и измешајте го со изладениот крем.Подгответе го овошниот слој со потопување на мелен желатин во 2 лажици ладна вода да набобри. Ставете ги замрзнати вишни и шеќерот да се готват.

Кога овошјето ќе зоврие, додадете го густинот разреден со 4 лажици вода и варете околу 2 минути. Изгмечете ги вишните бидејќи тортата ќе се сече подобро. Тргнете го садот со овошјето од оган, додадете сок од лимон и желатин и добро измешајте за да се стопи желатинот.

Оставете да се олади на собна температура. Ако ставите желатин во листови, натопете го во вода за да омекне, а потоа исцедете го и измешајте го во овошјето. На едното парче бисквит распоредете ги сварените вишни и кремот од жолчки. Покријте со другиот дел од бисквит и прелијте со топла глазура од чоколадо. Чувајте го во фрижидер. Кога кремот ќе се стегне, исечете го колачот на коцки и украсете со половини вишни.

Подгответе ја глазурата со натопување на желатин во мешавина од вода и сок од лимон во мало тенџере за готвење. Нека набобри. Скршете го чоколадото на парчиња и прелијте го со топлата, не врела, слатка павлака. Ставете на пареа и мешајте додека не се стопи чоколадото.

Тргнете до оган. Растопете го желатинот на тивок оган и додадете во тенок млаз во врелото чоколадо, мешајќи постојано.

escort - Korsan taksi