Овошен јогурт со пекмез: Десерт подготвен додека трепнете!

30 мај, 2020
п

Ако немате време да подготвите десерт, овој брзински рецепт е идеален за вас:

Состојки:

  • 1 лажица пекмез по желба
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 2 лажици павлака
  • 1,5 дл јогурт

Подготовка:

  • Додадете ги шеќерот и павлаката во пекмезот, измешајте добро, така што шеќерот ќе се стопи и иѕедначи, без да има грутки.
  • Додадете јогурт во смесата и продолжете да мешате.
  • Готовиот овошен јогурт можете да го украсите со овошје по желба.