Палачинки во рерна: Крцкави и вкусни, ќе ги обожавате!

10 мај, 2020
palacinki

Ви носиме рецепт за запечени палачинки во кои ќе уживате.

Состојки:

·         4 јајца

·         ¾ филџан млеко

·         ¼ филџан брашно

·         ¼ лажица путер

·         Малку сол

Подготовка:

·         Загрејте ја рерната на 200 степени

·         Во четирите јајца додадете млеко и малку сол, тоа се заедно изматете

·         Потоа додадете го брашното, па повторно измешајте

·         Во тавче за печење ставете путер, па ставете ја смесата за палачинки

·         Печете во рерна околу 20 минути на 180 степени

·         Послужете со шеќер, овошје или намаз по вкус.