14 август, 2020

За појадок, ручек, па дури и вечера… Кога и да го приготвите, ова јадење секогаш ќе ве освои!

Состојки
500 гр. печурки
3 чешчиња лук
50 гр. зелени маслинки
100 мл. црвено вино
сол и бибер по вкус
1/2 лажичка оригано
400 мл. млеко
300 мл. супа од зеленчук
200 гр. палента
100 гр. рендан кашкавал

Подготовка
Ставете ги во сад млекото и супата да зовријат, додадете ја палентата и варете четири минути со постојано мешање, потоа тргнете ги од оган, па додадете го ренданиот кашкавал.
Издинстајте ги печурките во масло, додадете го исецканиот лук и кога лукот ќе замириса, истурете ги црвеното вино и маслинките и оставете да покрчкаат десет минути.
На крај додадете зачини и добро измешајте. Сервирајте ја палентата во чинија и прелијте го сосот од печурки.

Остави коментар

Почетна // Eat & Drink Story // Палента со печурки: Готова за 20 минути, а толку здрава и вкусна!
Горе