Перница торта со ореви и жолт фил: неодолива и превкусна!

10 мај, 20200
торта

Состојки:

I кора

– 3 јајца

– 3 лажици шеќер

– 4 лажици брашно

– 1 лажица масло

– 1 лажица лимонов сок

– 1/2 прашок за печиво

II кора

– 3  јајца

– 3 лажици шеќер

– 4 лажици мелени ореви

– 1 лажица масло

– 1 лажица брашно

– 1 лажица прашок за пециво

I Фил:

– 1/2 литар млеко

– 2,5 лажици брашно

– 4 лажици шеќер

– 2 ќесички ванилин шеќер

– 3 жолчки

– 200 гр путер

– 2 лажици шеќер во прав

II Фил:

– 3 белки

– 1,5 мала шолја + 3 лажици шеќер

– малку рум или сок од портокал

Подготовка:

I Кора

Изматете ги до пена јајцата со шеќерот. Матејќи додадете го маслото и сокот од 1 лимон. На крајот полека со маталка измешајте го брашното со прашокот за печиво. Излејте го тестото во облик за торта и печете го на 200 степени 15- 20 минути. Изладете ја кората и пресечете ја на два дела.

II Кора

Повторно пенасто изматете ги јајцата со шеќер, додадете го маслото и на крајот со жица измешајте мешавина од брашно, мелени ореви и прашок за печиво. Излејте ја смесата во облик за торта и печете на температура од 200 степени 20 минути. Најдобро е тавата да биде со пречник од 28 см. Печената кора изладете ја и поделете ја на два дела.

I Фил:

Од 1/2 литар млеко одземете неколку лажици па измешајте ги со брашно. Останатото млеко сварете го со 4 лажици шеќер и 1 пакетче ванилин шеќер додавајќи ја мешавината од брашно и млеко и варете го додека не се згусти. Тргнете го од оган, па додавајте една по една жолчка. Добро изладете го па додадете го путерот сматен со 2 лажици шеќер во прав и 1 кесичка ванилин шеќер. Секоја кора попрскајте ја со рум и филувајте ја со овој фил.

II Фил:

Сматете 1,5 шолја шеќер со малку вода. Сматете ги белките (додадете неколку зрна сол). Кога ќе бидат готови, додавајте една по една лажица шеќер.

На крај додадете полека од матениот шеќер. Матете додека не се олади.

Со овој фил измачкајте ја тортата од горе и од околу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi