Пикантни и необични: Канелони со спанаќ (РЕЦЕПТ)

2 ноември, 2020
IMG_9832

Зачинет оброк што ќе ги воодушеви сите љубители на тестенини.

Состојки:

2 главици кромид

2 чешниња лук

1 лажица путер

750гр спанаќ

Морско оревче

2 лажици презла

200 гр рендан ементалер или слично сирење

2 јајца

20 канелони

2 лажици масло од канола

1 конзеева иситнет домат (850мл)

1 лажичка сушен риган

2 лажици кисела павлака

Прстофат шеќер

75гр рендано сирење

Сол, бибиер

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200 степени. Ситно исецкајте го кромидот и 2 чешниња лук, пржете на путер за да станат стаклести. Додадете го исчистениот спанаќ (ако е замрзнат, стопете го во кромидот и лукот) и пржете го додека не се исуши. Исцедете и исечкајте, зачинете со сол, бибер и морско оревче. Промешајте презла, 150 гр сирење и јајца. Ставете ја смесата во слаткарска кеса со голем отвор, наполнете ги канелоните и ставете ги во подмачкан огноотпорен сад.

2. Исечете го остатокот од кромидот и лукот на коцки, пржете ги на масло, измешајте ги доматите и риганот и варете ги на тивок оган околу 5 минути. Промешајте ја павлаката и зачинете го сосот со сол, бибер и шеќер. Прелијте ги канелоните, ставете ги во рерна и печете околу 30 минути. Потоа посипете ги со остатокот од сирењето и печете уште 5-10 минути.

escort - Korsan taksi