Пилешки стек во соја сос: Сочен и вкусен неделен ручек! (РЕЦЕПТ)

20 септември, 2020
228767_2_ls

Пробајте го овој оброк кој неописливо ги активира сите сетила

Состојки:

1 пар пилешки гради

3 чешниња лук

Малку кари

Сол

Бибер

1 лажица соја сос

1 лажица брашно

Масло

Подготовка:

  • Ако стековите се малку подебели, исчукајте ги преку фолијата и додајте сол.
  • Во сад истурете масло, малку соја сос, кари, а потоа измешајте.
  • Додадете го стекот и промешајте.
  • Пржете на скара или тефлон тава околу 15-20 минути додека убаво зарумени. Може да се покрие на почетокот за да се издинстаат малку.
  • Истурете го преостанатото масло од стекот во мало тенџере и додадете брашно и мелен лук.
  • Пржете додека брашното и кромидот не добијат кремаста боја.
  • Додадете вода и измешајте ја до саканата густина, сосот треба да биде поредок и добро да се свари.
  • Исклучете го шпоретот, а потоа додадете пиперка, соја сос и кора од јаглика.
  • Наредете го стекот во чинија и прелијте го со сосот.
  • Послужете веднаш додека е топло.