Пилешко на грчки начин: Ако еднаш го пробате, секој нареден пат ќе го правите на овој начин! (РЕЦЕПТ)

18 ноември, 2020
234577_img-20201115-140557_ls

Одличен избор за семеен ручек

Состојки:

Пилешки батаци

5 чешниња лук

Сок од лимон

1 лажичка оригано

1 лажичка мајчина душица

1 лажичка димена мелена пиперка

Сол и бибер

80мл маслиново масло

100гр грчки јогурт

1 лажичка пиперка

Копар

Подготовка:

Измешајте ситно сецкан лук, сок од лимон, оригано, мајчина душица, а потоа додадете димена пиперка, 50 мл маслиново масло и измешајте сè. Пилешкото увалкајте го во смесата и оставете го да отстои околу два часа за да се соединат состојките.

Направете сос: Убаво измешајте грчки јогурт, 30 мл маслиново масло, сок од лимон и копар, а потоа изладете.

Откако ќе отстои, испржете го месото и послужете со сосот.