Пита со јаболка и интегрален ориз без шеќер: Здрав десерт за сите возрасти! (ВИДЕО, РЕЦЕПТ)

19 април, 2020
Пита со јаболка и интегрален ориз без шеќер: Здрав десерт за сите возрасти! (ВИДЕО, РЕЦЕПТ)

 Потребно е:

  • Тенки кори
  • Слатки јаболки
  • Суво грозје
  • 50гр интегрален ориз
  • Цимет
  • Масло

Подготовка: Излупете и изрендајте ги јаболките и додадете цимет и суво грозје по желба. Раширете една кора, а потоа распрснете јаболка и малку ориз. Преклопете ги страните свиткајте ги во ролна.

Наредете во подмачкана тава и печете на 200 степени околу 30 минути додека не добие жолтеникава боја. Исечете ја додека е топла. По желба, посипете со шеќер во прав, но нема потреба, бидејќи е доволно слатка.