Подгответе вистинска мексиканска вечера: Пилешко со зеленчук и кашкавал во тортиља (РЕЦЕПТ + ВИДЕО)

6 декември, 2020
pita nasov

Совршен оброк што добро ќе ве засити

Дали ви се допаѓа мексиканската кујна?

Ако одговорот е да, ви предлагаме да подготвите вечера која добро ќе ви ги наполни стомаците и ќе ве направи да се чувствувате како да сте некаде во потоплите краеви.

Тортиљата е главната состојка, а во комбинација со пилешкото, кашкавалот и разновидниот зеленчук, загарантиран е совршен оброк!

Состојки:
7 парчиња тортиља
200 гр рендан кашкавал
6 парчиња стопено сирење
1 црвена пиперка
1 жолта пиперка
1 црвен кромид
2 млади кромидчиња
500 гр пилешко бело месо
1 домат
маслиново масло, бибер и црвен пипер

Подготовка:
Исечете ги пиперките и кромидот, а потоа исечете го пилешкото бело месо на парчиња и ставете сè во еден сад. Додадете сол и бибер и додадете малку мирудија и маслиново масло, а потоа измешајте и ставете сè во тава. Печете во рерна 15 минути, на 180 степени. Наредете шест тортиљи, една до друга, а шестата ставете ја на средина, каде што треба да го ставите растопеното сирење, и над него ренданиот кашкавал.

Додадете го месото и зеленчукот и додадете ги доматите, кромидот и кашкавалот. Покријте сè со уште една тортилја, па завиткајте ги и другите. Печете во рерна 40 минути на 180 степени. Пријатно!