ПОЈАДОК КАКОВ ШТО Сè УШТЕ НЕ СТЕ ПРОБАЛЕ: Оваа мајка ги поместува границите на готвењето со својата КРЕАТИВНОСТ (ФОТО)

24 септември, 2020
hrana-aranziranje-1536x762

Уметнички дела на чинија

Некои луѓе навистина ги надминуваат границите со она што се во можност да го сторат.

Тие ги претвораат обичните, секојдневни работи во уметнички дела и честопати нѐ оставаат без зборови.

Креативноста при аранжирањето не е нова работа, но кога некој тоа го прави толку добро, тогаш заслужува да се напише и да се зборува за него.

Јоланда Стокерманс, која живее со своите деца во белгиско село, го отвори својот Инстаграм профил пред една година, каде што често споделува рецепти и совети за исхрана со луѓето.

Сепак, по убедување на нејзините деца, таа започна да споделува фотографии од јадења што сама ги дизајнира, организира и украсува.

И навистина, со еден поглед на она што го прави оваа неверојатна мајка ќе ве остави без здив. Комбинирајќи различни елементи: ориз, тестенини, зеленчук, но и зачини, таа доби фантастични уметнички дела на чинија.

Нејзината листа вклучува сè: од животни, пејзажи, сè до познати актери, пејачи, но и ликови од цртани филмови.

Иако идејата околу „De Meal Prepper“ беше да се фокусира на оние кои немаат многу време да готват секој ден, но подготвуваат храна неколку дена, нејзиниот налог сега отиде во сосема друга насока.

Како што вели Јоланда, таа добива идеи секој ден, а процесот започнува со прво отворање на фрижидерот и гледање кои состојки се наоѓаат внатре. Соја сос, бои за јадење, како и зачини, ѝ помагаат дополнително да го „засенчи“ и обои она што го прави. Сепак, како што забележува, сè што има на чинијата не е само за јадење, туку е и вкусно.

За секое јадење и требаат 2 до 4 часа да ги направи, а таа посочува дека никој не треба да жали што ги „растура“. „Нивната цел е да се јадат“, вели Јоланда под еден пост.

Можеме само да кажеме секоја чест и да се поклониме длабоко за ваков вид на работа и креативност.

Што велите, дали би јаделе вакво нешто?

Погледнете уште неколку примери и пишете ни во коментарите доколку ви се допаѓа вакво нешто.

escort - Korsan taksi