Полнет француски тост, едноставен , вкусен појадок

30 јуни, 2020
сасаса

Отсега, тостевите можат да имаат тотално поинаков вкус, а доколку сте гурмани ќе ви биде одлична идеја за појадок или вечера. Ако оставивте стар леб, искористете го на најдобар можен начин, направете ги овие феноменални полнети тости. Направете ги за појадок или вечера и ќе бидете воодушевени!

состојки:

12 парчиња стар леб

6 парчиња кашкавал

6 парчиња шунка

3 црвени пиперки или домати

4 јајца

50 мл млеко

половина лажичка сол

Подготовка:

Исечете го лебот на тенки парчиња. Одделете две парчиња леб и ставете меѓу нив парче шунка и кашкавал. Можете да додадете исечена печена или свежа црвена пиперка или домат по вкус.

Изматете јајца, сол и додадете млеко, а потоа измешајте сè добро. Загрејте го маслото. Прво потопете едната страна леб во подготвената мешавина, а потоа другата и потопете во врело масло.