Пoтпечени тортиљи со грав и авокадо (РЕЦЕПТ)

23 октомври, 2020
Screenshot_1

Направете ручек за целото семејство од црвен грав, малку авокадо и купечки тортиљи.

Ова е comfort food, исто така погодна за вегетаријанци, за која ви требаат само седум состојки и половина час. Количината е доволена за четири големи порции, а на вас е да ги прилагодите состојките на бројот на гладни луѓе кои ќе сендат на масата. По желба тортиљите од надвор, наместо со кисела павлака, можете да ги прелиете со сос од домати.

Состојки:

250мл кисела павлака

2 конзерви црвен грав (800гр)

350гр пченка

1 поголемо авокадо (исечено на коцки)

100гр изрендан чедар

1 луда пиперка

8 тортиљи

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте подлабок сад за печење со масло или путер.

Лутата пиперка исчистете ја од семките, изрендајте ја и додадете ја саканата количина во 200 мл павлака.

Изблендирајте половина грав (400 гр.) И мешајте со павлаката.

Додадете ја пченката и остатокот од гравот и промешајте. На крај, внимателно промешајте ги коцките од авокадо.

Загрејте ги тортиљите и премачкајте ги секоја со мешавината од грав, пченка и авокадо. Завиткајте и наредете во подготвениот сад за печење.

Премачкајте со преостанатите 50 мл павлака, посипете со рендано сирење, покријте со фолија и печете околу 20 минути.

Послужете веднаш!

escort - Korsan taksi