Празнични колачиња од лешник-карамел: Им нема рамни! (РЕЦЕПТ)

10 декември, 2020
236591_untitled_ls

Ова мора да го пробате

Состојки:  (чаша од 250мл)

1 чаша меко брашно

2/3  чаша шеќер

½ чаша какао

110гр маргарин

1 жолчка

2 лажици млеко

100гр крупно сецкани печени лешници

1 белка

Полнење:

100гр лешник-карамела

1 лажица млеко

50гр чоколадо

Подготовка:

Омекнатиот маргарин, шеќерот, жолчката, млекото, мекото брашно и какаото ставете ги во една чинија. Измешајте малку со миксер без да го вклучите, за да не се разлета брашното, па дури потоа вклучете го малку. Завршете го мешањето со рака.

Оставете во тој сад половина час во фрижидер. Ако го оставите да стои подолго, тогаш покријте го со ќесе. Обликувајте топчиња со големината што ја сакате.

Ставете хартија во плехот за печење. Изматете една белка од јајце со вилушка, па извалкајте ја секоја топка во белките, па во лешниците и редете ги во плехот за печење. Направете дупче на секоја топка со прстот, рачката на лажицата или мало сукало. Печете во загреана рерна на 180 степени 15 минути. Колачињата се меки кога ќе ги извадите. Поправете ги дупките веднаш и оставете да се изладат.

Растопете ги карамелата и млечното чоколадо. Додадете млеко во карамелата и ставете го на тивок оган во микробранова печка, додека не се стопи. Направете го истото и со млечно чоколадо.

Оставете ги и тие да се оладат.

Ако ја оставите карамелата долго време, таа ќе се затегне. Потоа повторно малку во микробранова печка и може да се направи. Кој нема микробранова печка може истото да се направи и на пареа. Наполнете ги колачињата со преливот. Има доволно карамела и чоколадо таман да се наполнат колачињата.

Оставете филот да се стегне, а потоа уживајте во совршениот вкус.

Погледнете ја деталната подготовка на видеото!