Примамлива вечера: ЛЕБ со КОМПИРИ полнети со шунка и сирење (РЕЦЕПТ + ВИДЕО)

30 ноември, 2020
vecera

Дали сакате малку да се потрудите и да направите вечера што ќе ве воодушеви?

Состојки:

5 компири

4 лажици брашно

70 гр шунка

100 гр сирење

половина лажичка куркума

половина лажичка лук во прав

50 мл масло

сол и бибер

Подготовка:

Излупете и изрендајте го компирот. Откако ќе се излади, ставете го во сад и испасирајте го со вилушка. Додадете ситно исечкана шунка, половина лажица бибер, половина лажица лук во прав, половина лажичка куркума и лажичка сол. Потоа додадете 4 лажици брашно, и мешајте ја целата смеса додека не се направи густо тесто.

Премачкајте ги рацете со малку масло, а потоа рачно обликувајте ги лепчињата од тестото. Ставете парче сирење на секој обликуван дел од смесата, па преклопете го со друго парче тесто, а потоа целото тесто обликувајте го во една кружна пунџа. Загрејте го маслото во тава, па ставете ги лепчињата на маслото и пржете ги од двете страни додека не поруменат.