Пробајте го домашниот леб од банани на Ана Ивановиќ

17 мај, 20200
ana_ivanovic1

Познатата некогашна српска тенисерка Ана Ивановиќ е поборник на здравата храна и здравиот начин на живот. Таапреку соццијалните мрежи пред некое време ни покажа како го започнала својот ден и што подготвила за појадок.

„ Почнете го викендот со домашен леб од банани, кој е едно од моите омилени јадења бидејќи се подготвува брзо и има само здрави состојки. Дури и Басти (нејзиниот сопруг Себастијан Швајнстајгер, поранешен германски фудбалер) не може да му одолее“ – напича Ивановиќ, а во коментарите кои ги добила многу и се заблагодаруваат за добрата идеа и за рецептот кој го споделила со своите фанови

Состојки:

  • 1 шоља интегрално пченично брашно
  • 1 шоља обично брашно
  • 2 шољи изрендани тиквици
  • 3 пасирани банани
  • 2 јајца
  • 1/3 шоља маслиново масло
  • 1 лажица сода бикарбона
  • 1 лажица цимет
  • 1 лажица екстракт од ванила

Подготовка:

измешајте ги сите состојки и смесата пресипете ја во калап и печете ја во рерна на 180 степени 50-60 минути во зависност од рерната

Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *