Проја со тиквички – сочна и вкусна: Рецепт кој ќе го обожава целото семејство ова лето! (РЕЦЕПТ)

5 јуни, 20200
proja

Идеално за појадок, ужина и вечера!

Потребни состојки:

  • 140 грама пченкарно брашно
  • 140 грама обично брашно
  • 2 мл прашок за пециво
  • 3 млг сода бикарбона
  • 4 млг сол
  • 150 мл јогурт
  • 2 јајца
  • 10 грама шеќер
  • 60 мл масло
  • 300 грама млади тиквички
  • 50 грама црвена пиперка
  • 40 грама пармезан

Подготовка:

Исечете ги тиквичките на мали коцки или изрендајте ги. Кратко пропржете ги во путер. Исечете ги пиперките  на што е можно помали коцки. Загрејте ја рерната на 190 ° С. Користете средна големина на сад за печење и премачкајте го со путер. Измешајте ги пченкарното брашно, обичното брашно и прашокот за пециво. Одделно исматете ги белките и солта а потоа, додадете го шеќерот и повторно промешајте. На крај, додадете ги и изматете жолчките.

Измешајте ги јогуртот и маслото, додадете сода бикарбона, промешајте малку, јогуртот ќе се запени, па затоа ќе ви е потребен поголем сад. Полека измешајте ги јајцата и јогуртот, а потоа додајте ја мешавината од брашно, пиперки и тиквички. Истурете сè во подготвената тава, посипете со пармезан и печете околу 30 минути.

Пријатно!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi