РЕЦЕПТ: Кремaста и слатка пита од тиква е вистинска есенска фантазија! Поради лесната подготовка (ВЕДНАШ!) ќе ви се допадне

14 ноември, 2020
@the_bojon_gourmet-819x1024

Есен е време кога полиците на маркетите и продавниците се преплавени со тикви. Ова се зеленчуци богати со хранливи материи кои го зајакнуваат целото тело, а кои честопати ги занемаруваме на менито. Освен солената верзија, оваа здрава и вкусна храна може да се подготви и во форма на десерти, а еден од непогрешливите десерти е кремаста и слатка пита на која нема да и одолеат ниту најголемите гурмани…

Тиквата е здрава есенска храна која содржи нешто помалку од 30 калории и 90 проценти вода во сто грама овошје, поради што се смета за диетална храна.

Згора на тоа, редовното конзумирање го намалува лошиот холестерол во крвта, а пектинот и целулозата го подобруваат варењето и ги смируваат стомачните тегоби.

Бојата на месото и кора сугерира дека станува збор за зеленчук богат со бета-каротен. Тоа е антиоксиданс кој го штити организмот од ефектите на слободните радикали, го зачувува здравјето на очите и го зајакнува имунитетот.

Иако е зеленчук, тиквата е одлична основа за правење разни десерти кои победуваат на првиот залак, а еден од нив е неодолива слатка пита со шлаг или сладолед од ванила.

РЕЦЕПТ

Состојки за тесто:

250гр меко брашно

150гр мек маргарин

180гр шеќер во прав

2-3 лажици ладна вода

За прелив:

600гр исчистена тиква

200мл слатка павлака

2 јајца

100мл сок од портокал

Изрендана кора од 1 портокал

120гр шеќер

2 ќесички ванилин шеќер

½ лажичка цимет

50гр гистин

Прстофат сол

Постапка:

Брашното просејте го во поголем сад, па додадете ги шеќерот и путерот исечен на коцки. Со раце изронете го путерот во брашното, додавајте вода малку по малку и измесете мазно тесто. Завиткајте го тестото во фолија и оставете го во фрижидер половина час.

Исчистената тиква исечете ја на коцки, ставете ја во врела вода и варете додека не омекне. Исцедете ја варената тиква, изладете ја и измелете ја во блендер. Измешајте го пирето од тиква со слатка павлака, јајца и сок од портокал и кора од портокал. На крај додадете ги густинот, циметот и солта и измешајте добро.

Изладеното тесто развлечете го во големина на плех за пити. Притиснете го во намастен калап и прелијте го со подготвениот фил. Печете ја питата околу 35 минути на температура од 170ºС.

Кога ќе ставите чепкалка за заби во питата, ако на неа нема траги од смесата, таа е печена. Изладете на собна температура, а потоа во фрижидер. Оладената пита послужете ја со шлаг сладок крем или сладолед од ванила.

escort - Korsan taksi