РЕЦЕПТ ЗА ЛУДО ТЕСТО, МОЖЕ ДА СТОИ СО ДЕНОВИ ВО ФРИЖИДЕР: По ова откритие, ништо повеќе нема да биде ИСТО!

16 август, 2020
testo

Најдобро од сè е што може да остане во фрижидер неколку дена и секогаш ќе биде како да сте го замесиле во моментот.

Состојки:

  • околу 1 кг брашно
  • 500 мл млако млеко
  • 200 мл јогурт
  • 2 јајца
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 коцка квасец

Подготовка:

Земете 1kg брашно и направете шуплина.

Истурете малку млакo млеко во таа празнина и смачкајте го квасецот и посипете со шеќер. Измешајте со малку брашно и оставете го квасецот да нарасне.

Додадете ги сите останати состојки и месете мазно тесто.

Доколку е потребно, додадете малку повеќе брашно додека тестото не престане да се лепи на вашите раце. Покријте го тестото со крпа и оставете убаво да нарасне.

Од ова тесто можете да направите погачи, кифлички, мекици, пица, што сакате.

Ако не користите целото, завиткајте го тестото во најлонска кеса и оставете го во фрижидер и до неколку дена.