Рецепти од остатоци од храна: Кнедли од стар леб
Од стариот леб можеме да подготвиме вкусно гарнирче со чорби и супи. Кнедли од леб печени во рерната се лесни за подготовка и вкусни
Кнедли
· 16 Кнедли; време на подготовка: 20 мин; треба да се одстои 2 часа; време на печење: 30 мин
· 3 поголеми кромиди
· 5 чешниња лук
· 2 лажици масло
· зачини (ким, рузмарин, мајчина душица)
· 1 лажичка сол
· 6 парчиња (260 г) сув леб
· магдонос
· 3 – 4 дл вода
Исецкајте го кромидот и лукот. Во тава, загрејте го маслото и испржете ги 10 минути на тивок оган. Повремено мешајте. Додадете сол и зачини до крај.
Исечете го сувиот леб на помали коцки и исецкајте го магдоносот. Во поголем сад измешајте ги сите состојки и додадете 2 дл вода. Добро мешајтеја смесата со рацете и додајте вода доколку е потребно додека не имате добро изедначена смеса.
Обликувајте ги топчињата и оставете ги на ладно место 2 часа пред печење. Пренесете ги на хартија за печење и печете ги 30 минути на 180 ° C.