Баклава со вишни и гриз: Стар рецепт кој воодушевува! (РЕЦЕПТ)

7 октомври, 2020
230265_img-20201005-125516_ls


Потребни се:

6 кори за пити и баклава;

500 гр цреши;

400 мл вода;

400 гр шеќер;

2-3 прстени од портокал;

ванилин шеќер;

2 јајца;

100 мл масло;

70 гр гриз;

150 мл јогурт;

10 гр прашок за пециво.

Подготовка: Измешајте вода, шеќер, ванилин шеќер и портокал. Гответе 15-20 минути, а потоа оставете да се излади. Измешајте јајца, шеќер, гриз, масло, јогурт, прашок за пециво. Земете една кора и намачкајте со фил. Ставете ја втората кора и повторете го процесот. Ставете ја третата кора и посипете ја со цреши. Засукајте и ставете во подмачкана тава, па премачкајте со крем. Печете на 190 C околу 40 минути или додека не добие боја, на крај прелијте го со изладениот шербет или агава.